Русија најави дека ќе одговори на зголемувањето на бројот на американски војници во Европа
- „Она што се случува сега (акумулацијата на силите на НАТО во Источна Европа) секогаш ќе поттикнува компензациски мерки од наша страна“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Р
Moсква, 29 јуни 2022 (МИА) - Руските власти денеска се заканија дека ќе одговорат со свои мерки на најавеното зголемување на бројот на американски војници во Европа.
„Она што се случува сега (акумулацијата на силите на НАТО во Источна Европа) секогаш ќе поттикнува компензациски мерки од наша страна“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Нема да ги затвориме очите пред овој потег. Имаме можности и ресурси да го сториме тоа. Безбедноста ќе биде 100 отсто загарантирана“, рече Рјабков.
Минатата година Москва му понуди на Вашингтон разговори за меѓусебни безбедносни гаранции за да се избегне сценарио за ескалација, изјави Рјабков.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека САД сакаат дополнително да го прошират присуството на своите војници во Европа како резултат на руската војна против Украина. зш/