• сабота, 28 декември 2024

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Москва, 27 јануари 2023 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од две недели, јавува Анадолија.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Летонија претходно одлучила да го намали нивото на дипломатските односи со Русија.

Потенцирајќи дека Летонија оваа одлука ја донела од солидарност со другите балтички земји и дека таа причина не е прифатена од Русија, Москва денеска порача дека оваа солидарност значи преземање непријателски чекори кон Русија и тоа во режија на САД.

Во соопштението се нагласува и дека целата одговорност за актуелната ситуација и припаѓа на летонската влада.

„Од летонскиот амбасадор во Москва, Марис Риекстинс е побарано да ја напушти Русија во рок од две недели. Провокативните потези на летонските власти за намалување на нивото на дипломатските односи ќе имаат последици“, се наведува во соопштението на руското МНР. ссм/

Остани поврзан