• среда, 25 декември 2024

Русија и Турција наскоро ќе потпишат нов договор за испорака на С-400

Русија и Турција наскоро ќе потпишат нов договор за испорака на С-400
Кубинка, 23 август 2021 (МИА) - Русија и Турција наскоро би можеле да потпишат нов договор за испорака на рускиот противракетен систем С-400, изјави денеска генералниот директор на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, Александар Микејев, на Меѓународниот воено-технички форум. - Консултациите продолжуваат и се во завршна фаза. Наскоро ќе го официјализираме договорот со нашите партнери, рече Микејев. Како што пренесе агенцијата ТАСС, Микејев додаде дека се постигнати одредени успеси на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија што се одржа во Турција во август.  Во 2017 година, Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на рускиот противракетен систем на Турција, со што Турција стана првата членка на НАТО што го купи овој ракетен систем од Русија. Одлуката на Анкара да купи систем од руско производство предизвика негодување кај САД и НАТО, а Вашингтон досега не се откажа од напорите да ја принуди Турција да се откаже од рускиот противракетен систем. паг/  

Остани поврзан