• недела, 22 декември 2024

Русија инсталира систем за противвоздушна одбрана во украинската нуклеарна централа Запорожје

Русија инсталира систем за противвоздушна одбрана во украинската нуклеарна централа Запорожје
Москва, 9 август 2022 (МИА) – Руските сили почнаа да инсталираат систем за воздушна одбрана во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје откако гранатирањето предизвика страв од катастрофална несреќа. Претставници на руските сили изјавија дека нуклеарната централа во моментот работи нормално и дека се поправени далноводите и оштетените единици на реакторот. Нуклеарната централа во јужна Украина, која е под руска контрола, беше гранатирана неколку пати во изминатите неколку дена, што предизвика меѓународна загриженост за безбедноста на постројките. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека поддржува посетата на набљудувачите од Меѓународната агенција за атомска енергија на нуклеарната централа  Запорожје. ми/  

Остани поврзан