Русија забрани влез на 500 Американци, на листата е и Барак Обама
- „Како одговор на антируските санкции што редовно ги наметнува администрацијата на Бајден... влезот во Руската Федерација е затворен за 500 Американци“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Вашингтон, 19 мај 2023 (МИА) - Руските власти денеска соопштија дека забраниле влез на 500 Американци, и на листата е и поранешниот претседател Барак Обама, како одговор на санкциите воведени од Вашингтон.
„Како одговор на антируските санкции што редовно ги наметнува администрацијата на Бајден... влезот во Руската Федерација е затворен за 500 Американци“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерството додава дека на списокот е и поранешниот америански претседател Барак Обама. зш/