• сабота, 23 ноември 2024

Русија забрани влез на двесте Американци, меѓу нив и браќата и сестрата на Бајден

Русија забрани влез на двесте Американци, меѓу нив и браќата и сестрата на Бајден

Москва, 11 ноември 2022 (МИА) - Руските власти денеска соопштија дека им забраниле на група од 200 Американци да влезат на територијата на Руската Федерација, меѓу кои двајцата браќа и сестрата на американскиот претседател Џо Бајден, како и на неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.

Како што е наведено, таа забрана е одговор на американските санкции кои претходно беа воведени кон Русија.

„Одлуката е донесена како одговор на санкциите на администрацијата на Бајден“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

На листата се Џејмс Брајан Бајден и Френсис Вилијам Бајден, двајцата браќа на американскиот претседател, како и неговата сестра Валери Овенс.

Исто така, на списокот е и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој силно ја критикуваше руската офанзива во Украина, како и разни политички личности и членови на американската администрација. паг/

Остани поврзан