• сабота, 23 ноември 2024

Русија евакуираше повеќе од 700 луѓе од нивните поплавени домови во Орск

Русија евакуираше повеќе од 700 луѓе од нивните поплавени домови во Орск

Москва, 6 април 2024 (МИА) - Повеќе од 700 луѓе беа евакуирани од своите домови во рускиот град Орск, еден ден по издигнувањето на реката Урал, поплавувајќи ги селата покрај реките и предизвикајќи пукнување на браната, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Спасувачките тимови евакуираа 711 лица, меѓу кои 210 деца, од градот со 230.000 жители, кој се наоѓа во близина на руската граница со Казахстан.

Во моментов во Орск се поплавени повеќе од 2.400 станбени згради и 3.065 дворови. Во центрите за привремено сместување има 257 лица, од кои 76 се деца.

Според оперативните служби во градот, пронајдени се телата на три лица, се утврдува причината за нивната смрт, но познато е дека еден од нив претходно одбил да се евакуира. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан