• сабота, 22 март 2025

Русија го поздрави изборот на Ковентри за претседател на МОК

Русија го поздрави изборот на Ковентри за претседател на МОК


Москва, 21 март 2025 (МИА) – Русија го поздрави синоќа изборот на Кирсти Ковентри за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), велејќи дека сака „посилно, понезависно олимписко движење“ по години напнатост меѓу Москва и светското олимписко движење со седиште во Лозана.
„Воодушевени сме што гледаме посилно, понезависно и попросперитетно олимписко движење под ново раководство и гледаме како Русија се враќа на олимпискиот подиум“, рече рускиот министер за спорт и шеф на Рускиот олимписки комитет Михаил Дегтјарев за руските медиуми.
Дегтјарев ѝ честиташе на Ковентри, првата жена и првата Африканка избрана на чело на МОК, пофалувајќи ја „нејзината блескава спортска кариера, олимписките победи, рекорди и придонес во развојот на спортот“.
Меѓу прашањата со кои се соочува поранешната пливачка ќе биде олимпискиот статус на руските спортисти, на помалку од една година пред почетокот на Зимските олимписки игри 2026 година во Милано и Кортина.
„Се надеваме дека нашите спортисти ќе можат да продолжат да учествуваат на меѓународни натпревари“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
На последните Олимписки игри во Париз во 2024 година, Русија беше претставена со само 15 спортисти кои се натпреваруваа под неутрално знаме. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан