• недела, 17 ноември 2024

Русија ги објави координатите на Пентагон затоа што „западните сателити работат за непријателот“

Русија ги објави координатите на Пентагон затоа што „западните сателити работат за непријателот“
Москва, 28 јуни 2022 (МИА) - Руската вселенска агенција ги објави координатите на одбранбените штабови на западните земји, вклучувајќи го и американскиот Пентагон и местото на одржување на самитот на НАТО и напиша дека западните сателитски оператори работат за рускиот непријател - Украина. Дмитриј Рогозин, лидерот на Роскосмос, изјави за руската новинска агенција РИА Новости: Целиот конгломерат на приватни и државни орбитални групации сега работи исклучиво за нашиот непријател, пренесува Хина. Членките на НАТО алијансата предводена од САД не го кријат фактот дека испраќаат оружје за да и помогнат на Украина да се спротивстави на руската инвазија. „Денеска се отвора самитот на НАТО во Мадрид, на кој западните земји ќе ја прогласат Русија за најголем непријател“, напиша Рогозин на социјалната мрежа Телеграм. „Роскосмос објавува сателитски фотографии од местото на одржување на самитот и самите „центри за одлучување“, кои ги поддржуваат украинските националисти“, додаде тој. Објавата вклучува руски сателитски снимки од самитот во Мадрид, Пентагон, Белата куќа во Вашингтон, зградата на британската влада во центарот на Лондон, зградата на германскиот канцелар и парламентот во Берлин, седиштето на НАТО во Брисел и резиденцијата на францускиот претседател и други владини згради во Париз. „Ги даваме и координатите на објектите“, напиша Рогозин. „За секој случај“, додаде тој. ссм/

Остани поврзан