• сабота, 23 ноември 2024

Русија ги критикуваше санкциите на ЕУ и САД против Путин и Лавров

Русија ги критикуваше санкциите на ЕУ и САД против Путин и Лавров
Москва, 25 февруари 2022 (МИА) - Русија вечерва ги критикуваше санкциите воведени од Западот против претседателот Владимир Путин и шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров, оценувајќи ги како слаби, јави ДПА. -Ова е пример за апсолутната слабост на надворешната политика, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на државната телевизија. „Нема со кого да разговараш“, забележа таа, додавајќи дека Русија е нуклеарна сила. Нејзините коментари доаѓаат како одговор на санкциите воведени претходно вечерва од САД, ЕУ и Велика Британија против шефот на државата и на дипломатијата, додаде ДПА. сд/

Остани поврзан