• четврток, 27 март 2025

Русија во текот на ноќта соборила 28 украински дрона

Русија во текот на ноќта соборила 28 украински дрона

Москва, 24 март 2025 (МИА) - Руската противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ  пресретнала и соборила 28 украински дрона, јавија британските медиуми, повикувајќи се на информации од руското Министерство за одбрана.

По 12 беспилотни летала беа соборени над Брјанскиот и Ростовскиот регион. Два од преостанатите четири дрона биле соборени над Крим, по еден над Краснодарскиот регион и Азовското Море, додаде Министерството.

Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз,  на каналот Телеграм објави дека нападот не предизвикал жртви или уништување, забележуваат руските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан