• четврток, 17 октомври 2024

Русија во текот на ноќта лансирала 136 дронови на Киев и другите украински региони

Русија во текот на ноќта лансирала 136 дронови на Киев и другите украински региони

Киев, 16 октомври 2024 (МИА) - Русија во текот на ноќта изврши серија напади со беспилотни летала и ракети кон Киев и другите украински градови, предизвикувајќи пожар во индустриска постројка во западниот украински регион Тернопил, соопштија утринава украинските власти.

Во текот на ноќта, Русија лансираше кон Украина 136 беспилотни летала и три проектила, а украинската противвоздушна одбрана уништи многу, јавија украинските воздухопловни сили на Телеграм.

Поголемиот дел од Украина утринава беше под тревога за воздушен напад. Воздухопловните сили соопштија дека Русија ги лансирала беспилотните летала во неколку бранови и во различни насоки.

Пожарот од големи размери во регионот Тернопил е изгаснат, соопшти воената администрација на регионот на Телеграм, додавајќи дека во нападот „нема повредени“.

Шеф на воената администрација на Киев, Серхи Попко, утринава преку каналот Телеграм изјави дека се уништени сите дронови што го нападнаа Киев во текот на ноќта и дека засега нема извештаи за штета или повредени, иако постои ризик од нов напад. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан