Русите очекуваат полна сала за натпреварот со македонската репрезентација
- Македонската кошаркарска репрезентација на 23 февруари гостува во Перм каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. Домаќините очекуваат голема поддршка

Москва, 18 февруари 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација на 23 февруари гостува во Перм каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. Домаќините очекуваат голема поддршка од трибините.
- Очекуваме полна сала за дуелот со Северна Македонија во Перм. Веќе трета година сме домаќини на националниот тим. Нашата репрезентација победи во претходните двапати, дај боже и овој пат да биде така. Градот живее за кошарката, изјави министерот за физичка култура и спорт на територијата на Перм, Владимир Епанов.