• среда, 25 декември 2024

Русите многу помалку летаат над источна Украина по неколкуте соборени авиони во последните денови

Русите многу помалку летаат над источна Украина по неколкуте соборени авиони во последните денови

Киев, 3 март 2024 (МИА) – Руските воздушни операции над источна Украина значително се намалија откако украинската противвоздушна одбрана неодамна собори неколку руски авиони, наведуваат властите во Киев. 

„Одбранбените системи на западните партнери се ефикасни“, ги пренесе украинска „Правда“ зборовите на портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат во Киев.

Според украинските извештаи, неколку руски борбени авиони Су-34 и Су-35 беа соборени над источна Украина во последните денови. 

Руската војска официјално не ја потврди загубата на авионите.

Пред само неколку дена Украина соопшти дека нејзините сили собориле руски извидувачки авион А-50, додека во јануари собори и скапоцен и многу редок авион што се користеше за надзор на воздушниот простор. сд/

фото: Х

Остани поврзан