• вторник, 24 декември 2024

Румениге за Флик и германската репрезентација: Да бев тренер на Баерн, ќе се смеев на оваа понуда

Румениге за Флик и германската репрезентација: Да бев тренер на Баерн, ќе се смеев на оваа понуда
Минхен, 16 март 2021 (МИА) - Претседателот на управниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека клубот нема намера да го пушти тренерот Ханси Флик во германската репрезентација. - Би биле луди ако го оставиме да си замине пред време. Тој ќе биде наш тренер следната сезона. Сто проценти. Покрај тоа, тој го помина своето најдобро и најуспешно време како играч во Баерн Минхен. Истото важи и за неговото време во клубот како тренер. Отсекогаш сум велел дека тренерот е најважниот вработен во клубот. Добро е познато дека склучивме договор. Значи, ова прашање дури и не се дискутира. Ние нема да се справуваме со проблемите на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ). Да бидам искрен, да бев тренер на кого ќе ми понудеа да го сменам Баерн во ДФБ, едноставно ќе се смеев како одговор на тоа, изјави Румениге. Претходно, Јоаким Лев најави дека ќе ја напушти германската репрезентација по Евро 2020. Флик беше именуван за еден од главните кандидати за селекторската функција. зс/

Остани поврзан