• петок, 05 декември 2025

Ружински ги повика граѓаните да гласаат за број 9 за иднината на општина Берово

Ружински ги повика граѓаните да гласаат за број 9 за иднината на општина Берово

Берово, 17 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Берово, Петар Ружински ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите во недела и да го заокружат бројот 9, истакнувајќи ја важноста од одлуката за иднината на општината.

-Најголема благодарност до сите вас! Изминативе недели беа исполнети со огромна поддршка од сите вас. Вашата енергија е нашата најголема сила, напиша Ружински во објавата на својот профил.

Тој апелираше до граѓаните дека денот на изборите е „ден на одлука“ и ги повика да гласаат за промени, развој и иднина.

-Во недела, излезете и гласајте! За промени, за развој, за иднина! Заокружете 9!, порача Ружински.вс/ар/
Фото: Петар Ружински кандидат за градоначалник на Берово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан