• недела, 26 јануари 2025

Рубио издаде директива за САД повторно да се приклучат кон меѓународниот пакт против абортусот

Рубио издаде директива за САД повторно да се приклучат кон меѓународниот пакт против абортусот

Вашингтон, 25 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио и даде инструкции во дипломатска телеграма на мисијата на САД во Обединетите нации да ги информира земјите-членки на ОН дека САД планираат повторно да се приклучат во меѓународната алијанса против абортусот, пренесе американскиот портал „Политико“.

Во телеграмата се наведува дека постапувањето на администрацијата на Џо Бајден по прашањето за абортусот „го поткопало здравјето на жените и го намалило сувереното право на секоја нација да ја регулира сопствената позиција за здравствените прашања на жените и семејството“.

„Ние сме посветени на унапредување на здравјето на жените и задоволување на потребите на жените, децата и нивните семејства во сите фази од животот. Ќе ги следиме овие цели во соработка со земјите-членки во системот на ОН и преку нашата континуирана заедничка амбиција да го подобриме здравјето на жените и девојките“, се наведува во телеграмата на Рубио. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан