• вторник, 31 март 2026

Рубио за заканите од Иран: Тие луѓе се луди, тие се религиозни фанатици

Рубио за заканите од Иран: Тие луѓе се луди, тие се религиозни фанатици

Вашингтон, 30 март 2026 (МИА) - Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека САД нема да ги толерираат иранските закани за трајна контрола над Ормуската Теснина и воведувањето систем за наплата на транспортот. 

„Тоа нема да биде дозволено“, рече Рубио додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

Рубио упати остри критики кон иранското раководство. „Овие луѓе се луди. Тие се луди. Тие се религиозни фанатици“, рече тој.

Иако вели дека забележува промена во комуникацијата на иранските претставници, Рубио повикува на претпазливост и проверка на нивните вистински способности. 

„Очигледно таму има луѓе што ни се обраќаат на начини на кои претходните ирански лидери не ни се обраќаа“, рече тој.

Меѓутоа, тој нагласи дека овие најави треба да се тестираат. 

„Некои од работите за кои велат дека се подготвени да ги направат - мора да видиме дали всушност може да ги направат. Мораме тоа многу силно да го тестираме“, заклучи тој.сд/ми/

Фото:ЕПА

Остани поврзан