Рубиалес се соочува со затворска казна од две и пол години
- Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот.

Мадрид, 27 март 2024 (МИА) – Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот.
Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо (33).
Инцидентот се случи во август минатата година на доделувањето на златните медали по финалето на Светско првенство во кое Шпанија ја совлада Англија со 1-0. ег ФОТО: Икс