• понеделник, 23 декември 2024

РСС: Интеграцијата на лицата со инвалидитет е тешка на сите нивоа

РСС: Интеграцијата на лицата со инвалидитет е тешка на сите нивоа
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Во земјите од Западен Балкан најголемиот напредок е забележен во областа инклузија на децата со инвалидитет, а посебно во процесот на деинституционализација на таквите деца, инклузивното образование и помошта што е достапна на ниво на локална заедница, стои во Регионалниот преглед на економиите на Западен Балкан во поглед на Европскиот столб на социјални права 2021, што го подготви Советот за регионална соработка (РСС). Според извештајот, интеграцијата на лицата со инвалидитет е тешка на сите нивоа. Се проценува дека процесот на прилагодување на физичката инфраструктура за потребите на лицата со физички ограничувања е многу бавен, вклучувајќи го и физичкиот пристап до училиштата, здравствените установи и јавниот простор, додека, мерките на социјална заштита се неадекватни за вистинските потреби на оваа социјална група. Освен ова, во извештајот се заклучува дека учеството на лицата со инвалидитет на пазарот на трудот е слабо и покрај тоа што законите се сменети и што постојат преквалификации, кампањи за подигање на свеста, образование за возрасни и програми за промоција на вработување за да се помогне во пристапот кон пазарот на трудот. - Иако некои земји од Западен Балкан на работодавачите им воведоа и квоти за вработување на лица со инвалидитет, нивното влијание на вистинската вработеност на овие лица е мало и незначително, велат од РСС. Извештајот што го подготви Платформата за вработување при РСС е претставен во рамките на петгодишнината од Европскиот столб на социјални права на Европската унија, на Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, по кој повод на 24 и 25 ноември се одржува годишна конференција. Моменталните податоци на ЕУ покажуваат дека од 42,8 милиони луѓе со инвалидитет во ЕУ, вработени се само половината од нив. ар/лв/

Остани поврзан