• среда, 25 декември 2024

Роџерс се соочува со отказ, Френк цел на раководството на Лестер

Роџерс се соочува со отказ, Френк цел на раководството на Лестер
Лечестер, 18 септември 2022 (МИА) - Брендан Роџерс наскоро може да биде отпуштен од тренерската функција во Лестер. Фудбалскиот стручњак од Северна Ирска е во опасност да добие отказ по најлошиот старт на сезоната на тимот од 1983 година, објави „Телеграф“. „Лисиците“ ремизираа еднаш и загубија шест во седум натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи го и вчерашниот пораз од Тотенхем со 6:2. Британскиот весник тврди дека челниците на Лестер го сакаат Томас Франк од Брентфорд, но не е јасно дали 48-годишниот Данец може да се убеди да го смени клубот како што одминува сезоната, особено кога неговата екипа сега е на деветтото место. Ќе биде контактиран и Шон Дајч, кој го напушти Барнли во април. зс/

Остани поврзан