• петок, 26 јули 2024

Роџерс за заминувањето од Лестер: Бев апсолутно сигурен дека ќе го задржиме местото во Премиер лигата

Роџерс за заминувањето од Лестер: Бев апсолутно сигурен дека ќе го задржиме местото во Премиер лигата

Лондон, 4 април 2023 (МИА) - Поранешниот менаџер на Лестер, Брендан Роџерс искажа свое видување за отказот од раководството на клубот.

 

- Очигледно сум разочаран што заминувам непосредно пред крајот на сезоната. Бев апсолутно сигурен дека ќе ги постигнеме потребните резултати за да го задржиме клубот во Премиер лигата.
Секогаш ќе бидам горд на она што успеавме да го постигнеме како тим. Никогаш нема да заборавам дека го победивме Челзи на Вембли во финалето на ФА Купот и се квалификувавме за европските натпреварувања следната сезона, изјави Роџерс.

 

На 2 април Лестер објави дека Роџерс заминува од функцијата главен тренер на клубот. Англискиот специјалист го водеше тимот од февруари 2019 година.

 

Лестер по 28 натпревари се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата со 25 бодови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан