• недела, 28 јули 2024

Роџерс го сака Лалана во Лестер

Роџерс го сака Лалана во Лестер
Лечестер, 13 април 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. „Црвените“ немаат намера да го обноват договорот со фудбалерот, па тој ќе замине како слободен агент, објавија британските медиуми. Фаворит во борбата за Англичанецот се смета Лестер. За играчот е лично заинтересиран тренерот на поранешниот шампион, Брендан Роџерс, кој претходно работел со Лалана. Оваа сезона 31-годишниот играчот од средниот ред има еден гол и една асистенција на 15 натпревари во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан