• вторник, 24 декември 2024

Рохани потпиша: Пентагон на листата на терористички организации

Рохани потпиша: Пентагон на листата на терористички организации
Техеран, 13 јануари 2020 (МИА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани го потпиша денеска амандманот на законот, со кој Пентагон е ставен на листата на терористички организации. Станува збор за амандман на закон усвоен во Иран во април минатата година, со кој на листата на терористички организации се наоѓа Централната команда на САД и американското Министерство за одбрана. Сега на таа листа се наоѓаат сите вработени во Пентагон и сите институции поврзани со него. Иранскиот Парламент минатата недела ја прогласи американската војска за „терористичка организација“ како одговор на убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак. На истата седница Парламентот одобри зголемен буџет за специјалната единица на Револуционерната гарда - Кудс, чиј командант беше Сулејмани. гт/

Остани поврзан