• среда, 27 ноември 2024

Рон Џереми се соочи со 20 нови обвиненија за сексуален напад

Рон Џереми се соочи со 20 нови обвиненија за сексуален напад
Лос Анџелес, 1 септември 2020 (МИА) - Човекот сметан за „легенда“ на американската порноиндустрија, Рон Џереми се соочува со дополнителни 20 нови обвиненија за сексуален напад, покрај осумте претходни тужби од коишто за шест тој во јуни се изјасни невин. Овојпат се работи за 13 жени и случаи кои вклучуваат и силување, присилен орален секс, содомизирање, содомизирање врз личност без свест и злоупотреба на 15-годишно девојче. Случаите датираат наназад до 2004 година, а последниот се случил на 1 јануари 2020 година. Жртвите биле на возраст од 15 до 54 години. Рон Џереми (67), се соочува со доживотен затвор. Се очекува повторно негово појавување пред судот во Лос Анџелес в понеделник. си/  

Остани поврзан