• недела, 25 август 2024

Роналдо против СПАЛ слави јубилеј – 1.000 натпревари во професионалната кариера

Роналдо против СПАЛ слави јубилеј – 1.000 натпревари во професионалната кариера
Ферара, 22 февруари 2020 (МИА) – Петкратниот освојувач на „Златната топка“ и еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, вечерва го игра јубилејниот 1.000-от натпревар во неговата професионална кариера. Португалецот кој од 2018 година е член на Јувентус, на својот јубилеј постигна гол против СПАЛ и му донесе водство на својот тим по првото полувреме со 1:0. Роналдо кариерата ја почна во Спортинг за кого одигра 33 натпревари (пет голови) во периодот 2002-03. Од 2003 до 2009 година беше дел од Манчестер јунајтед за кого забележа 292 настапа и 118 гола. Следна дестинација за Кристијано беше Реал каде остана девет години (2009-2018), одигра 438 натпревари и постигна 450 голови. Во Јувентус заедно со вечерашниот меч има 73 и 52 гола. Роналдо има и 164 натпревари за португалската репрезентација за која постигнал 99 гола. Вкупно има 1.000 натпревари и импресивни 724 голови. зс/

Остани поврзан