• петок, 05 декември 2025

Роналдо прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија

Роналдо прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија

Ријад, 17 јули 2025 (МИА) – Португалскиот репрезентативец и член на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија.

Роналдо освои најмногу гласови во изборот на навивачите на тимовите од тамошната лига.

Четириесетгодишниот Португалец одигра 30 натпревари во текот на сезоната, од кои на 15 беше прогласен за најдобар играч. Постигна 25 гола и имаше три асистенции.

Во јуни, Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2027 година. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Роналдо на 12 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан