Роналдо: Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена
- Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо одговори на прашањето на новинарот Фабрицио Романо за можно враќање во некоја од европските лиги.

Ријад, 18 јули 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо одговори на прашањето на новинарот Фабрицио Романо за можно враќање во некоја од европските лиги.
- Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена. Европскиот фудбал изгуби многу во квалитетот...само Премиер лигата е навистина силна, таа е далеку пред сите други лиги, изјави Роналдо,
Триесет и осумгодишниот напаѓач од јануари настапува за Ал-Наср од Саудиска Арабија. Португалецот минатата сезона забележа 19 настапи за тимот, постигнувајќи 14 гола и две асистенции.
Во текот на кариерата Роналдо играше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. зс/
Фото: ЕПА