Роналдо има проблеми со вратот, неговото учество на натпреварот против Вест Хем е доведено во прашање
- Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо може да го пропушти натпреварот од 23. коло на Премиер лигата со Вест Хем.

Манчестер, 21 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо може да го пропушти натпреварот од 23. коло на Премиер лигата со Вест Хем.
Кристијано имаше проблеми со вратот на натпреварот со Брентфорд (3:1) - напаѓачот беше заменет во 71. минута.
- Учеството на Роналдо на натпреварот е под знак прашалник, бидејќи има проблеми со вратот. Вчера мина 2-3 часа третман, па ќе видиме како се чувствува, изјави тренерот Ралф Рангник.
Триесет и шестгодишниот Португалец оваа сезона постигна осум гола на 17 натпревари во Премиер лигата.
Натпреварот Манчестер јунајтед - Вест Хем треба да се игра утре со почеток во 16 часот. зс/