• вторник, 24 декември 2024

Роналдињо проговори за неговиот престој во затвор

Роналдињо проговори за неговиот престој во затвор
Асунсион, 9 јуни 2020 (МИА) - Ѕвездата на бразилскиот фудбал, Роналдињо призна дека поминале 60 долги денови и тој останува во куќен притвор пред судењето во Парагвај. Поранешниот фудбалер помина 32 дена зад решетки, откако беше уапсен за обид да влезе во Парагвај со лажен пасош. Роналдињо сега престојува во хотелот со четири sвезди Палмарога во главниот град на Парагвај, Асунсион. - Тука во хотелот „Палмарога“ имаме одлични услови. Имаме сè што ни треба. Ние сме многу мирни. Тие прават сè за нас за да можеме да го поминеме времето на најпријатен можен начин. Поминаа шеесет долги денови. Луѓето во нивните домови треба да замислат како е тоа да не го правите она што сте навикнале. Мислам дека ќе остане со нас засекогаш откако ќе ја поминеме оваа комплицирана ситуација во која се наоѓаме, рече Роналдињо во интервјуто за „Мундо Депортиво“. Бразилецот признава дека се обидува активно да игра спорт дури и под куќен притвор. - Ние тренираме во теретана скоро секој ден. Имаме сала што ни дава можност да работиме напорно. Имаме и просторија што е погодна за нас. Барселона и јас ќе бидеме обединети засекогаш. Тоа секогаш ќе биде мојот втор град. Ова е најневеројатниот клуб и навивачите имаат големо место во моето срце. Им благодарам на сите за нивната поддршка, рече Роналдињо.

Тагови

Остани поврзан