• среда, 27 ноември 2024

Ромеро сака да стане слободен агент

Ромеро сака да стане слободен агент
Манчестер, 9 ноември 2020 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро, сака да се договори со клубот за предвремено раскинување на договорот, пренесува „The Sun“. Според изворот, 33-годишниот Аргентинец по повлекувањето од составот е без играчки тренинг, па има намера да го напушти клубот. Претходно во медиумите имаше информација дека клубови од американската лига – МЛС, се заинтересирани за голманот, но работата не дојде до конкретни преговори. Актуелниот договор на Ромеро со Манчестер Јунајтед истекува следното лето. Ромеро нема ниту еден натпревар оваа сезона. зс/

Остани поврзан