• сабота, 23 ноември 2024

Рома ќе го задржи Де Роси на тренерското место

Рома ќе го задржи Де Роси на тренерското место

Рим, 18 април 2024 (МИА) - На официјалниот сајт на калчолигашот Рома е објавено дека Даниел Де Роси ќе ја задржи тренерската функција.

- Во неговиот краток мандат како главен тренер, позитивното влијание што го имаше врз целиот клуб говори само по себе. Даниеле го води тимот со почит и храброст, а неговата сила и длабока верба во клубот навистина одговараат на вредностите на Рома, градот и навивачите, се вели во соопштението на Рома.

Четириесетгодишниот Де Роси ја презеде Рома во јануари, потпишувајќи шестмесечен договор.

Под водство на Де Роси, Рома одигра 16 натпревари, забележа 11 победи, три нерешени и два пораза.

Рома вечер од 21 часот го пречекува Милан во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар заврши со победа на римјаните 1:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан