• сабота, 23 ноември 2024

Романската манекенка Мадалина Генеа во холивудски стил и гламур на црвениот тепих во Венеција

Романската манекенка Мадалина Генеа во холивудски стил и гламур на црвениот тепих во Венеција

Венеција, 7 септември 2023 (МИА) - Романската манекенка и глумица Мадалина Генеа е една од ѕвездите од синоќешниот црвен тепих на Филмскиот фестивал во Венеција. Во холивудски стил, таа успева да внесе гламур со својата појава, пренесуваат италијанските медиуми.

Печатот ја споредува убавата Романка со Софија Лорен. На настанот пристигна со водено такси во придружба на нејзиниот нов партнер - бугарскиот тенисер Григор Димитров. Во отсуството на големите холивудски ѕвезди поради штрајковите, таа се појави во бел фустан со тенки прерамки, набори на едната страна и наметка со пердуви. Сѐ тоа го спои со бели сандали со отворени потпетици, и неутрална шминка.

Мадалина присуствуваше на прикажувањето на филмот „Origin“ (Потекло) во режија на Ава Дувернеј. Драмата е адаптација на книгата „Каста: Потеклото на нашето незадоволство“ на добитничката на Пулицерова награда - Изабел Вилкерсон. Генеа не глуми во филмот.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан