• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Романо: Обамејанг ќе се врати во Марсеј

Романо: Обамејанг ќе се врати во Марсеј

Марсеј, 19 јули 2025 (МИА) - Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг се враќа во Марсеј, соопшти инсајдерот Фабрицио Романо.

Триесет и шестгодишниот Габонец ќе потпише двегодишен договор со францускиот клуб.

Претходно фудбалерот ја напушти Ал-Кадисија.

Обамејанг играше за Марсеј во сезоната 2023/24. Минатата сезона одигра 36 натпревари за клубот од Саудиска Арабија, постигнувајќи 21 гол и три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан