Романо: Гатузо наскоро ќе стане селектор на Италија
- Џенаро Гатузо наскоро ќе ја преземе функцијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација.

Рим, 14 јуни 2025 (МИА) - Џенаро Гатузо наскоро ќе ја преземе функцијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација.
Според инсајдер Фабрицио Романо, Гатузо ќе потпише договор со Италијанската фудбалска федерација во наредните денови.
На 8 јуни, Лучијано Спалети го објави своето заминување од италијанската репрезентација.
Последната работа на Гатузо беше во Хајдук, кој го напушти на почетокот на јуни.
Пред тоа, 47-годишниот фудбалски стручњак ги предводеше Марсеј, Валенсија, Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и Сион. зс/
Фото: ЕПА