• недела, 21 јули 2024

Романот „Мрежата на Мамли“ на Блаже Миневски објавен во Србија

Романот „Мрежата на Мамли“ на Блаже Миневски објавен во Србија
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) - Романот „Мрежата на Мамли“ од Блаже Миневски, кој пред две години излезе во „Матица македонска“ од Скопје, преведен е на српски јазик и објавен во Србија. Во најавата на издавачот „Арка“ стои дека романот на Миневски говори за моралното дно на сите можни дна до кое може да се спуштат оние кои мислат дека се „повикани да го земат во свои раце кормилото на државата“. Според „Арка“, „Мрежата на Мамли“ е редок прозен бисер, роман на виртуозната реченица, шокантно дело со брилијантна наративна меморија што овозможува во еден здив да се откриваат и следат сјајните ликови и бројните пресврти. - Портретирањето на ликовите е изведено со јазично мајсторство и хумор, а најважните значења се вградени незабележливо, како што доликува, се наведува во соопштението. Според српскиот издавач, станува збор за приказна за група улави идеалисти, фатени во „мрежата на срамот“, кои налудничаво веруваат во својот утопистички свет што им е дошепнат како идеологија или создаден од нивната сопствена непресметаност. мд/ац/

Остани поврзан