• сабота, 23 ноември 2024

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година за растително и сточарско производство до 31 јули

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година за растително и сточарско производство до 31 јули

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денеска сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање.

Како што соопштија од МЗШВ, согласно Одлуката на Влада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од еден месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 јули 2024 година.

-Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во Подрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година, стои во соопштението. вг/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан