Розети: Пеналот за Стерлинг постоеше, имаше контакт
- Претседателот на Комитетот за судии на УЕФА, Роберто Розети, зборуваше за спорниот момент при досудениот пенал за Рахим Стерлинг во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2:1 продол

Нион, 14 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Комитетот за судии на УЕФА, Роберто Розети, зборуваше за спорниот момент при досудениот пенал за Рахим Стерлинг во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2:1 продолженија).
- Можеме да разговараме за овој момент затоа што сме апсолутно отворени. Но, пеналот беше досуден правилно. Судијата го виде контактот, а системот на видео асистент на судијата само ја потврди неговата одлука. Дефанзивецот на Данска не ја допре топката, но имаше чист контакт со напаѓачот, истакна Розети.
Натпреварот помеѓу Англија и Данска го судеше судиска екипа предводена од Дени Макели. зс/
