• сабота, 23 ноември 2024

Род Стјуарт доби внук

Род Стјуарт доби внук

Лос Анџелес, 15 мај 2023 (МИА) - Род Стјуарт стана дедо и доби внук. Неговиот син Лијам објави дека тој и неговата партнерка, Хрватката Никол Артуковиќ - станале родители на машко дете.

Таткото објави фотографија од новородениот син со натпис „Добродојде, момче“. Притоа откри и дека бебето, по име Луј Марк Родерик Стјуарт, има американски, британски, новозеландски и хрватски корени.

Никол Артуковиќ, која има хрватско потекло, чето летува во дубровничката област, од каде, како што претходно откри на Инстаграм, нејзините баба и дедо избегале во Америка во 1953 година.

Бебето на Лијам и Никол се родило на почетокот на годинава. Род сега има два внуци, со трето на пат... Неговата ќерка Кимберли роди девојче во 2011 година, а неговата втора ќерка Руби исто така откри дека е бремена во јануари оваа година.  си/

Остани поврзан