Родриго и уште двајца играчи на Реал нема да настапат против Жирона
- Тројца фудбалери на Реал Мадрид, кои беа вклучени во составот за дуелот со Жирона во 16. коло од шпанското првенство, нема да играат, објави „Кралскиот клуб“.
Мадрид, 7 декември 2024 (МИА) – Тројца фудбалери на Реал Мадрид, кои беа вклучени во составот за дуелот со Жирона во 16. коло од шпанското првенство, нема да играат, објави „Кралскиот клуб“.
Во натпреварот нема да учествуваат крилниот напаѓач Родриго, играчот од средниот ред Чема Андрес и напаѓачот Гонзало Гарсија.
Наместо нив во апликацијата е вклучен 17-годишниот играч од средниот ред Даниел Јанез.
Според „Мундо Депортиво“, Родриго има мускулен проблем на левата натколеница, додека Гонзало и Чема сè уште се заздравуваат од петочниот натпревар за младинците.
Натпреварот ќе се игра вечер од 21 часот. зс/
Фото: ЕПА