Родригез мина во катарски Ал-Рајан
- Времетраењето на договорот и висината на обесштетувањето не се соопштени.

Ливерпул, 22 септември 2021 (МИА) - Колумбискиот фудбалски репрезентативец Хамес Родригез (30) ги напушти редовите на премиерлигашот Евертон и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Ал-Рајан.
Времетраењето на договорот и висината на обесштетувањето не се соопштени.
Родригез се одлучи да замине од Евертон откако падна во втор план по тренерската смена во клубот од Ливерпул и доаѓањето на Рафа Бенитез на местото на Карло Анчелоти.
Родригез дојде во Евертон минатиот септември, откако го загуби првотимскиот статус во Реал Мадрид, а претходно не успеа да се наметне ниту во Баерн Минхен. ег/