• сабота, 23 ноември 2024

Роднините на киднапираните лица го обвинуваат Нетанјаху за неуспехот на преговорите за враќање на заложниците

Роднините на киднапираните лица го обвинуваат Нетанјаху за неуспехот на преговорите за враќање на заложниците

Тел Авив, 30 март 2024 (МИА) - Дваесет семејства на заложници, држени од членовите на Хамас во Газа, го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неуспехот на преговорите за враќање на израелските заробеници и бараат негова смена од премиерската позиција.

Зборувајќи со новинарите, роднините на заложниците изјавија дека Нетанјаху ги одбил понудите за ослободување на заложниците и дека ја отежнал позицијата на Израел во преговорите со Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

- Тој е пречка за договорот“, додаваат роднините на заложниците, наведувајќи дека премиерот одлучува без консултација со владата и дека се грижи само за своите интереси.

Роднините тврдат и дека владејачката коалиција водела клеветничка кампања против семејствата на заложниците.

- Однесувањето на Нетанјаху е незамисливо. Тоа е криминал. Немаме избор. Ќе работиме веднаш да ве отстраниме - тоа е најбрзиот начин да се постигне договор, нагласуваат тие и ги повикуваа членовите на коалицијата да назначат нов премиер. ссм/

фото: архива

Остани поврзан