Роби Вилијамс и Џими Пејџ во „соседска кавга“
- Во својата вила од околу 20 милиони евра, во лондонскиот кварт Кенсингтон, Вилијамс им наложил на работниците да бидат што потивки... Уште повеќе, наводно, тие мораат и да користат рачни алат

Лондон, 3 ноември 2022 (МИА) - Британскиот поп-пејач Роби Вилијамс почна со реновирање на својата куќа, коешто, според досегашните случувања, ќе биде „најтивкото реновирање“ на сите времиња.
Пејачот, имено, како што пишуваат тамошните медиуми, сака да избегне да го вознемирува својот сосед - музичарот од „Лед цепелин“, Џими Пејџ. Во својата вила од околу 20 милиони евра, во лондонскиот кварт Кенсингтон, Вилијамс им наложил на работниците да бидат што потивки... Уште повеќе, наводно, тие мораат и да користат рачни алатки од 19. век за да избегнат бучава, пишува „Дејли мејл“.