• среда, 27 ноември 2024

Робињо го обвини италијанскиот правосуден систем за расизам

Робињо го обвини италијанскиот правосуден систем за расизам

Робињо го обвини италијанскиот правосуден систем за расизам

Рио де Женеиро, 18 март 2024 (МИА) – Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо (40), кој од судот во Милано е осуден на затворска казна за силување, е убеден дека има доволно докази за неговата невиност, но како што рече, италијанскиот правосуден систем ги игнорирал доказите.

Италијанскиот суд во февруари 2022 година му изрече деветгодишна затворска казна за легендарниот бразилски фудбалер за силување Албанка во Милано.

„Играв само четири години во Италија и ми здодее да гледам расистички приказни. За жал, ова продолжува и денес. Тогаш беше 2013 година, сега е 2024 година. Истите луѓе кои не прават ништо против расизмот се тие што ме осудија“, изјави Робињо за бразилските медиуми во своето прво интервју, откако пред две години му беше изречена затворската казна.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити е убеден дека доколку случајот против него беше против Италијанец, казната ќе била поинаква.

„Со доказите што ги имам требаше да бидам ослободен“, рече Робињо, потврдувајќи оти кратка врска со жртвата, но дека тоа било доброволно.

Робињо е осуден во Италија на казна затвор од девет години за групно силување девојка на прослава на нејзиниот 23. роденден во ноќен клуб во Милано.

Случајот датира од 2013 година кога Робињо настапуваше за Милан.

Робињо се жалеше на повеќе судски инстанци, но Врховниот суд на Италија му ја потврди деветгодишната казна, а италијанските обвинители издадоа меѓународен налог за негово апсење. Бразил, меѓутоа, нема закон за екстрадиција на свои државјани, па Италија побара Робињо казната затвор да ја отслужи во родната земја. ег ФОТО:Твитер

Остани поврзан