• среда, 25 декември 2024

Роберт О’Брајан: Русија вети дека нема да се меша во претстојните избори во САД

Роберт О’Брајан: Русија вети дека нема да се меша во претстојните избори во САД

Вашингтон, 3 октомври 2020 (МИА) - Русија вети дека нема да се меша во претстојните претседателски избори во САД, изјави американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан.

О’Брајан рече дека добил гаранции од руска страна на вчерашната средба со секретарот на Советот за национална безбедност на Русија Николај Патрушев во Женева, јави ДПА.

- Јас многу јасно објаснив дека САД нема да толерираат никакво странско мешање во нашите избори, а Русија е посветена да не презема такви активности, рече О’Брајан. Тој додаде, без да навлегува во детали, дека двете земји, исто така, се согласиле за низа други прашања, вклучително и контролата на оружјето, ерменско-азербејџанскиот конфликт, Сирија и Авганистан.

Таа изјава е во директна спротивност со проценките на американското разузнавање дека Русија се обидува да влијае на изборите на 3 ноември, јави ДПА.

Во август, Бил Еванина, директор на Националниот центар за контраразузнавање и безбедност, рече дека Русија презела голем број мерки „пред се за да го оцрни поранешниот потпретседател (Џо) Бајден“, демократскиот кандидат за претседател на изборите оваа година.

Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ соопшти дека руски хакери ги напаѓаат републиканските и демократските советници и американските тинк-тенк групи. паг/

Остани поврзан