• петок, 27 декември 2024

Роберт Кох: Ограничувањата ќе останат и по воведувањето вакцина за Ковид-19

Роберт Кох: Ограничувањата ќе останат и по воведувањето вакцина за Ковид-19
Берлин, 13 октомври 2020 (МИА) - Секојдневниот живот ќе остане ограничен и кога ќе се развие вакцина против коронавирусот, објави денеска германскиот институт „Роберт Кох“ (РКИ). Како што наведува берлинскиот Институт, иако ќе има барем една ефективна вакцина во 2021 година, одржувањето дистанца, хигиенските правила, носењето маска, проветрувањето и изведувањето слободни активности на отворено ќе останат во сила уште некое време. Германија денеска пријави 4.122 новозаразени со коронавирус, а со оглед на се поголемиот број заразени се зголемуваат повиците за единствени и лесно разбирливи правила во германскиот децентрализиран систем. - Во соочувањето со Ковид-19, потребни ни се привремени и регионално ограничени мерки приспособени на ризикот во следните неколку недели и месеци, рече претседателот на Институтот Лотар Вилер. паг/
 

Остани поврзан