Ријана повторно мајка
- Пејачката го роди својот прв син во мај 2022 година. Пејачката, чие вистинско име е Робин Ријана Фенти, нема издадено албум од 2016 година, но последниве години, сепак, влезе во „клубот на милијардери“, користејќи ја својата слава за создавање успешни брендови...

Лос Анџелес, 22 август 2023 (МИА) - Пејачката Ријана роди момче - нејзиното второ дете со раперот АСАП Роки. Според американските медиуми, бебето се родило на почетокот на овој месец.
„Добро упатени извори ни кажаа дека бебето се родило на 3 август во Лос Анџелес. Сè уште не се знае името на детето, но знаеме дека започнува со 'Р' и оти е момче“, пишува „ТМЗ“.
Пејачката го роди својот прв син во мај 2022 година. Пејачката, чие вистинско име е Робин Ријана Фенти, нема издадено албум од 2016 година, но последниве години, сепак, влезе во „клубот на милијардери“, користејќи ја својата слава за создавање успешни брендови за шминка, долна облека и висока мода.
Неодамна, Ријана ѝ се врати на музиката со песната „Lift Me Up“, за потребите на филмот „Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“. си/
Фото: МИА архива.