• понеделник, 23 декември 2024

Ристов ги повика радовишани масовно да излезат на 31 октомври и да гласаат

Ристов ги повика радовишани масовно да излезат на 31 октомври и да гласаат
Радовиш, 28 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Радовиш од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов денеска ги повика граѓаните масовно да излезат на вториот круг од гласањето на локалните избори и да го дадат гласот за него. - Ве повикувам на 31 октомври да излезете масовно, бидејќи давајќи го вашиот глас вие ќе помогнете во процесот што веќе е почнат. Процесот е почнат затоа што ние веќе имаме мнозинство во Советот, советничката група гарантира дека сите проекти кои што сме ги понудиле, кои што јас лично ќе ги реализирам, Советот на Општината и градот имаат отворен пат за реализација. Се надевам и дека тоа ќе биде дополнителен поттик кој што граѓаните ќе ги мотивира да излезат и да си го дадат својот глас за својот град. Радовиш да остане на радовишани, да си го вратиме достоинството, рече денеска Ристов. Тој се заблагодари за големата поддршка во првиот круг и, како што рече, знае дека граѓаните нема да дозволат да им биде купена иднината, туку сами ќе ја изградат заедно со него. рт/цр

Остани поврзан