• сабота, 23 ноември 2024

Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба

Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба
Скопје, 26 август 2022 Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас. Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации. Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во  меѓусебна комуникација и да пробаат да  најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да  не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија.  Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците. Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат. Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш. Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан