• понеделник, 16 декември 2024

Ристовски: Теренот на арената е лош, среќа што никој не се повреди

Ристовски: Теренот на арената е лош, среќа што никој не се повреди
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, упати критики до надлежните кои се грижат за теренот на Националната арена „Тодор Проески“. - Ќе бидам искрен, се појави некој замор и несигурност, а тоа е последица што некои играчи кои порано имале стандардна минутажа, сега ја немаат. Мислам дека нерешениот резултат е реален. Не сакам да барам алиби, но терен е многу тежок за игра. Калта се лепи многу и не ти дозволува да градиш игра. За жал, кај нас работите наместо да одат напред се враќаат назад. Константно се враќаме на едно исто. Јас сум среќен што на ваков терен немаме ниту еден повреден, изјави Стефан Ристовски. „Црвено-жолтите“ вечерва во пријателски натпревар одиграа нерешено 1:1 со репрезентацијата на Финска. Во недела во Скопје ќе гостува селекцијата на Азербејџан. зс/

Остани поврзан